Роден во руското гратче Новочеркаск во 1955 година, Седих на рана возраст се пресели во Украина, а по распадот на Советскиот сојуз живееше во Франција.

Во исклучително успешната кариера, Седих освои две златни и еден сребрен олимписки медал, а беше и светски првак и трикратен европски шампион.

Неговото постигнување од Штутгарт 1986 година (86.74 метри) и натаму е светски рекорд во дисциплината фрлање кладиво.