Охриѓани се вознемирени од инцидентот којшто се случи во петокот, на Денот на жената. Имено, тогаш една жена беше тешко повредена откако „падна“ од третиот кат на станбена зграда во Охрид.

СВР Охрид ги соопшти деталите

СВР Охрид информираше дека за падот на жената од третиот кат од станбена зграда поднеле кривична пријава против две лица, мажи кои и двајцата се од Охрид. Првиот е 32-годишник А.Д. и нему ќе му суди за кривично дело „обид за убиство“, а вториот е 21-годишниот Е.М кому ќе му се суди по основ на кривичното дело „помагање“.

„На 08.03.2024 околу 11.30 часот, првопријавениот, во стан на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид, сопственост на второпријавениот, по претходна расправија ја турнал М.О.(39) од Скопје од терасата“, рече портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Жената била пренесена во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид

Оттаму, жената била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Во болницата ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

Кривично дело „обид за убиство“ и „помагање“: Каков исход може да се очекува?

Јавноста очекува ригорозни мерки за извршителите на ваквиот чин, но сепак последниот збор го има судот којшто допрва ќе ги одредува казните според околностите.

Социјална зграда

Како што пишува СДК.мк станува збор за социјална зграда и имало 70 социјални станови.

Извор: Слободен печат