Во СВР Битола вчеравечер во 19:32 часот било пријавено дека на магистралниот пат Битола – Ресен, во близина на битолското село Братиндол, се случила сообраќајна незгода помеѓу патнички возила „бмв” и „рено клио”.
Возилото „бмв“ било со ресенски регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(24) од селото Езерани, Ресенско, во кое сопатник бил К.Ш.(25) од село Царев Двор, Ресенско. Патничкото возило „рено клио”, со охридски регистарски ознаки, било управувано од Г.С.(50) од Охрид и во него сопатничка била Н.С.(55) од Охрид.
Доктор во Клиничката болница во Битола кај лицето Г.С констатирал смрт како последица од повредите, а кај сопатниците констатирани се повреди.
Увидот синоќа го вршеше увидната екипа на СВР Битола, а сообраќајот на релација Битола – Ресен беше пренасочен по стариот пат.