Нема унифициран став кој се ќе замине во изолација, доколку во едно одделение се појави позитивен случај, велат епидемилозите од Центарот за јавно здравје Скопје, пишува Канал 5.

– Зависно од состојбата, се проценува дали и членови на семејството на заразените ученици ќе одат во изолација. Врз основа на податоците што ќе се добијат од училиштето, ќе се изолираат оние деца коишто имале близок контакт или потврден незаштитен контакт, а останатите продолжуваат со физичка настава, објаснуваат епидемиолозите.

Како што наведува Канал 5, според податоците од ЦЈЗ, дел од учениците не се целосно искрени во пријавување на контактите, бидејќи на тој начин сметаат дека ги „заштитуваат“ своите пријатели.