На граничниот премин Табановце на македонско-српската граница се чека околу 40 минути за излез од земјава, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.

Причина за застојот е зголемената фреквенција на возила. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од земјава.