Омикрон варијантата го зголеми бројот на заразени бебиња и деца до три години.

Зголемен бројот и на амбулантски прегледи и хоспитализации кај оваа возраст, потврди директорот на детската болница „Козле“. Засега во болницата се сместени 25 деца, половина од нив се до три години. Кај малите деца потребата за хоспитализација е поради дехидрираност од високата телесна температура.

Со стартот на второто полугодие од учебната година бројката на приеми и прегледи е иста, она што го очекуваат е оваа недела да имаат поголема бројка на прегледи.

Доктор Зекири со порака убавото време родителите да го користат за прошетка надвор од домовите и собири во затоврено со надеж дека од март ќе има подобра епидемиолошка слика.