Од почетокот на пандемијата, во Србија се регистрирани 1.757.741 случаи на коронавирус од вкупно 8.302.346 тестирани. Како резултат на инфекцијата, починале 13.928 луѓе. Смртноста е 0,79 отсто, објавено е на официјалниот сајт.
Според последниот пресек, во Србија биле тестирани 28.372 лица, а потврдени се 12.736 новозаразени со коронавирус. Починале 60 лица.
„Епидемиолошката состојба кај нас не се смирува. Болничкиот притисок повторно расте. Во болниците, во најтешка состојба повеќето се постари лица од 70 години. Со поблага клиничка слика се повеќе се деца“, велат здравствените власти, пренесуваат медиумите во соседстсвото.
Февруарскиот распуст е продолжен.
Оваа недела бројот на позитивни ученици во однос на претходната недела е намален за 10 отсто, изјави Милан Пашиќ, помошник министер за предучилишно и основно образование.