Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ, им се обрати на европските претставници и на партиите во Европскиот парламент поради предизборно видео објавено од студентите на Факултетот за драмски уметности во Белград. Меѓу оние до кои се обратила е и еврокомесарката за проширување Марта Кос.
Брнабиќ ги повика европските претставници да го погледнат видеото и да оценат дали неговата содржина промовира демократски вредности.
Станува збор за црно-бело видео со наслов „Србија не го сакаше“, кое студентите го објавиле на 19 септември. Во центарот на снимката е српскиот претседател Александар Вучиќ, а прикажани се и пораки од граѓани кои наведуваат дека не го сакаат за претседател и дека не е добредојден.
Спорен е завршниот кадар од видеото, чија сцена се одвива во затвор. Во снимката, меѓу другото, се сугерира дека Вучиќ би можел да заврши во затвор, додека во последниот кадар е прикажан сапун под затворски туш.
Брнабиќ видеото го оцени како „монструозно“, а последната сцена ја протолкува како закана за силување.
View this post on Instagram
