Советот за безбедност на ОН изрази длабока загриженост поради одлуката на талибанците, кои се на власт во Авганистан, да им забранат на девојчињата да посетуваат средно училиште и ги повика веднаш да отворат училишта и за ученички.
– Членовите на Советот за безбедност…повторија дека сите Авганистанци имаат право на образование, вклучително и девојчињата, се наведува во соопштението на Обединетите нации.
Минатата недела талибанците ја повлекоа најавата дека средните училишта ќе бидат отворени за девојчиња, велејќи дека тие ќе останат затворени додека не се подготви план за нивно отворање, кој ќе биде согласно исламскиот закон.
САД ненадејно поради таквата одлука ги откажаа средбите со талибанските претставници во Доха за решавање на клучните економски прашања, соопштија во петокот американските власти.
Советот за безбедност побара од Дебора Лајонс, специјалната претставничка на ОН за Авганистан, да разговара со авганистанските власти за ова прашање и да извести за напредокот на разговорите