Околу 50.000 Палестинци вчера го напуштија северниот дел на Појасот Газа и е упатија кон југ на енклавата, што е најголем број евакуирани преку коридорот што беше отворен пред два дена и е под контрола на израелската армија, соопштија денеска Обединети нации.

Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања процени дека од неделата се евакуирани вкупно 72.000 Палестинци.

Израелската армија дозволи евакуација од 10 до 15 часот по локално време.

Околу 1,5 милиони од вкупно 2,3 милиони жители на Појасот Газа се раселени, се наведува во процените на ОН.