Според документот, како резултат на конфликтите, економските шокови, вклучително и оние предизвикани од пандемијата на Ковид-19, екстремните климатски настани во 2020 година доведоа до акутен глад кај најмалку 155 милиони луѓе ширум светот.
Извештајот, објавен од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации, подвлекува дека акутниот глад ќе остане сериозен проблем за милиони луѓе.
Во 2020 година, најмалку 155 милиони луѓе во 55 земји и територии се соочија со сериозна несигурност во однос на храната, што одговара на кризи и потешки ситуации, што е зголемување за околу 20 милиони во споредба со претходната година.
Проблемот со недостигот на храна продолжува да се чувствува најсилно во африканските земји. Околу 98 милиони луѓе или две третини од оние кои се соочија со тоа во 2020 година живеат на африканскиот континент. Сепак, овој проблем ги погоди и земјите во другите делови на светот, како што се Јемен, Авганистан, Сирија и Хаити, кои се меѓу десетте земји со најголеми кризи со храна минатата година.
– Конфликтот и гладот меѓусебно се зајакнуваат. За да се реши кој било од овие проблеми, потребно е да се справиме со двата истовремено … Ние мора да сториме се што е можно за да го прекинеме овој маѓепсан круг. Решавањето на проблемот со гладот е во основата на стабилноста и мирот, вели генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш во воведниот дел од извештајот.