Помошникот на генералниот секретар и координатор на ОН за кризата во Украина, Амин Ауад изјави дека во војната во Украина нема да има победник.

– Во оваа војна нема и нема да има победник. Потребен ни е мир. Војната мора да престане, изјави Ауад.

Тој изрази и загриженост поради „високата цена“ што ја плаќа цивилното население, предупредувајќи на „уништувањето, разорувањето на градовите и селата“, како и на „изгубените животи, домови, работни места и перспективи“.

Преговорите помеѓу Киев и Москва повеќе недели се во ќорсокак.