Обединети нации денеска предупредија дека поради војната под закана е слободата на изразување во голем број земји на Блискиот Исток.

Високиот комесар на ОН за човекови права, Фолкер Турк изјави дека од почетокот на војната се упасени околу 3.000 луѓе.

– Владите од регионот ги заоструваат безбедносните мерки и сериозно ја ограничуваат слободата на говорот и собирањето, наведе Турк.

Канцеларијата за човекови права на ОН во Женева проценува дека 2.345 луѓе се уапсени во Иран од почетокот на војната под обвинение за нарушување на националната безбедност, тероризам, несогласување, шпионажа и соработка со непријателот.

Во првата недела од војната, што почна на 28 декември, уапсени се 200 Палестинци осомничени за „поттикнување“ и „славење на непријателот“.

Во Обединетите Арапски Емирати приведени се 109 лица поради дистрибуција на видеа на кои се прикажани напади и одбранбени ракети. Под слични обвиненија в о Катар се уапсени 313 луѓе.

И во Бахреин регистрирани се апсења за објавувања видеа на социјалните мрежи, а еден активист починал во притвор. (МИА)