пишува: Сашо Тасевски
Оној наш луд Милојко отиде кај Шпанците и Грците да бара помош во спорот со Бугарија. Спор којшто сам си го создаде со потпишувањето на договорот со Бугарија.
Еј бара помош од држава која ни го смени името и плус очекува дека таа и Шпанија би застанале против својот партнер во ЕУ, само за нему да помогнат.
Колку треба да си глуп и ограничен прво да се доведеш во таква положба очајно да бараш помош, а потоа и да очекуваш дека некој би му помогнал на лигле кој го продал својот народ и држава за да биде премиер.
Од друга страна, партијата му се распаѓа од внатре. Сите долгогодишни партиски членови кои биле со неа и кога и било најтешко се тргнати на страна. Бесни што лудиот Милојко им ја наполни од старт со ен-џи-о говеда и фашисти кои ги лапнаа најдобрите позиции и привилегии.
Тие револтираните повеќе нема да гласаат за него на било кој избори. Ова се нивни ставови кои само ги пренесувам.
Штета што оние кои уште му даваат поддршка на лудиот Милојко не сфаќаат дека поради него веќе никогаш таа партија нема да дојде на власт во Македонија. Па дури и кога него ќе го избркаат на клоци од таму. Дури и Бранко да им се врати, со СДСМ е свршено. Не сфаќаат дека тој глупав човек им ја запечати судбината засекогаш.