Во законодавниот дом денеска се одвива втор ден од надзорната расправа посветена на состојбите во Алта банка.
„И денес опозицијата продолжи со ширење страв и паника, наспроти смирените, аргументирани и стручни одговори на експертите и Претседателката“, вели пратеникот Никола Мицевски.
Наместо политичко драматизирање, расправата треба да биде во функција на фактите, институционалната одговорност и објективното утврдување на состојбите на теренот.
Фактите и стручноста треба да бидат посилни од политичките конструкции и обидите за создавање паника во јавноста, заклучи Мицевски.
