Планирано беше плоштадот да се исполни со хартиени фенери што ќе бидат пуштени во воздух и граѓаните да проследат импресивното аудиовизуелно шоу на фасадата на општинската зграда, меѓутоа, од општината соопштија дека „со чувство на одговорност, поради зголемениот број случаи на Ковид-19“, настанот се откажува.
Општина Атина откажа божиќен настан поради пандемијата
О
Поради пандемијата и зголемениот број случаи на Ковид-19, општина Атина одлучи да ја откаже божиќната манифестација „Ноќ на желбите“ што требаше да биде отворена за граѓаните и да се одржи во петок пред општинската зграда, јави дописничката на МИА од Атина.