Градоначалникот на Бутел Дарко Костовски додели финансиска помош на спортските клубови од општината, во износ од 3.500.000 денари.

Финансиската помош на спортските клубови од 3.500.000 денари е доделена со маскимално транспарентна процедура, со објавен јавен повик врз основа на Правилник за доделување на финансиска помош, соопшти општна Бутел.

Градоначалникот Костовски изрази надеж дека оваа финансиска помош ќе помогне на клубовите и ќе поттикне нови државни, балкански, европски и олимписки шампиони.

– Спортот е клучен фактор за развивање на поквалитетно и поздраво општество, додека врвните спортски резултати како ништо друго помагаат во градење на нацијата и државата. Општина Бутел е најспортска општина во Македонија, согласно постигнатите спортски успеси. Наскоро, општината ќе има и најдобра спортска инфраструктура, стои во соопштението.