Изминува еден од најтешките месеци за граѓаните. По завршување на празниците и истрошените домашни буџети овој и наредниот месец се исклучително тешки за домаќинствата. Дополнително граѓаните се погодени од енергетската криза и зголемувањето на цените на основните домашни намирници, истакна градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски.

„Денес во соработка со општествено одговорни компании поделивме над 200 хуманитарни пакети со основни прехрамбени продукти на најзагрозените социјални семејства на територија на општина Бутел.

Хуманоста значи да се помага секогаш и во секој момент кому било и на кој било начин, без оглед на верска, етничка и национална припадност“ – посочи тој.