Општина Гази Баба се стекна со Признание за придонес кон подобро управување со стаклена амбалажа во Западен Балкан.
-Признанието ни беше доделено на завршната Конференција на проектот „Управување со стаклена амбалажа на Западен Балкан”, под слоганот „Ѕвончето те повикува – рециклирај стакло”, каде присуствуваше преставник на општина Гази Баба.
Како градоначалник, среќен сум што општината е дел од меѓународни проекти и се носи рамо до рамо со многу поразвиени градови и општини, пишува градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.