По тој повод, денеска, градоначалникот Стевчо Јакимовски, додели 140 хуманитарни пакети на граѓаните од Карпош, кои се наоѓаат во потешка материјална состојба.
– Општина Карпош и понатаму ќе продолжи да ги помага социјално загрозените семејства, како финансиски, така и материјално. Ова го говорам, затоа што сметам дека локалната самоуправа е таа која што е најблиску до нив и токму таа треба да им помогне на оние на коишто им е најпотребна помош, додаде Јакимовски.
Пакетите содржат прехранбени и хигиенски производи, кои ги донираа граѓаните од Карпош, општинската администрација и работниот персонал од детските градинки и училиштата на територија на локалната самоуправа. Хуманитарните пакети беа поделени на неколку локации во рамки на урбаните заедници „Карпош 2″, „Владо Тасевски” и „Влае 1″ а гестот на солидарност го почувствуваа и децата од мал групен дом, кој се наоѓа на територија на Карпош, како и дечињата од СОС Детско село во населбите Влае и Бардовци.
Општина Карпош веќе 10 години по ред ја спроведува оваа традиционална хуманитарна акција, во пресрет на Велигденските и Божиќните празници.