Новогодишното украсување, како што информираа од општината, ќе започне од понеделник во чии рамки ќе се украсува централното градско подрачје во Пехчево.
– Во услови на здравствена и економска криза предизвикана од пандемијата со Ковид-19, а и енергетска криза со која се соочуваме во моментот, а со цел да се заштедат финансиски средства, како локална самоуправа, одлучивме украсувањето да се реализира скромно, во однос на изминативе години, истакнаа од Општината.
Градоначалникот на Пехчево Алелсандар Китански додаде дека украсувањето ќе.биде практично за без пари, односно со постоечките реквизити кои се сопственост на општината што, според него значи дека за новогодишниот изглед на градот нема да биде потрошен ниту денар.
– Очигледно дека не се потребни големи суми, туку само малку добра волја за Пехчево да светне во новогодишниот сјај, додаде Китански.
Според планираното, украсувањето во Пехчево треба да заврши до наредниот четврток.