Денес го потпишавме договорот со фирма изведувач ДПТУ Стоименов – Кочани и Директорот на Центарот за развој на Источен плански регион за започнување на реализација на проект Изградба на помошни канали за наводнување и каскади во висина од 9 500 000 денари:

-Виничка вада во должина од 1450 метри

-Морошка вада во должина од 850 метри

-Изградба на три каскади на река Зрновка.

Со реализација на овој важен проект проблемите на земјоделците за наводнување со доволна количина и динамика на земјоделските површини ќе станат минато.

Продолжуваме одговорно и посветено за доброто на сите граѓани на општина Зрновци!, објаво градоначалникот на општина Зрновци Борчо Коцев.