– За две или три години, сите ќе кажат дека ако Унијата сака да се развие, потребен е овој регион предводен од Србија, рече Орбан, одговарајќи на критиките од ЕУ за неговите ставови за проширувањето и поддршката што и ја дава на Србија за нејзините европски патека.
Како што вели тој, во Брисел, запирањето на проширувањето елегантно се нарекува заситеност од проширувањето.
– Сепак, логично е дека ако не ги прифатат и преземат сите активности што одат со проширувањето, ЕУ ќе стане нестабилна, границите ќе бидат нестабилни, нема да добијат нови култури, народи, ќе тапкаат во место и ќе се распаднат. Додека Србија не се интегрира, Западен Балкан нема да биде интегриран. Србија е клучна земја и ЕУ треба да го сфати тоа, нагласи Орбан.
Тој рече дека клучот и стабилноста на регионот е Србија.