Во писмо испратено до претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, премиерот на Унгарија, предупреди на ситуацијата што се развива на источните граници на ЕУ, посочувајќи дека дебатата меѓу ЕК и Унгарија остава неодговорени некои клучни прашања.

Орбан посочи дека во сегашната вонредна ситуација која ја загрозува безбедноста и територијалниот интегритет на блокот на ЕУ, земјите-членки не можат да бидат оспорени и казнети затоа што применуваат одржливи и пропорционални решенија за кризата што им се заканува на сите.

Унгарскиот премиер потсети дека во заклучоците од 21 и 22 октомври, Европскиот совет ја повика ЕК да предложи промени на неоперативната и застарена правна рамка на ЕУ и да им овозможи на земјите-членки да подготват соодветен одговор за бегалците и миграциските прашања.

-Можеби сите би можеле да се согласиме дека сегашната правна рамка не обезбедува соодветни правни средства што земјите-членки на ЕУ изложени на притисок би можеле да ги применат во кризни ситуации, истакна унгарскиот премиер Виктор Орбан.