Револтирани се од игнорантскиот однос на министерството за земјоделие, по однос на нивните барања за покачување на откупната цена на арпата на миниму 25 денари за килограм.
– Од позицијата и опозицијата, пратениците од нашата изборна единица 3, да дојдат, да ни се приклучат и да ни помогнат. Нашите барања се додека не бидат исполнети, патот ќе биде блокиран во двата правци. Полицијата ако сака нека тепа, ние и така сме утепани, нема што да изгубиме повеќе, изјави Здравко Арсов, оризопроизводител од Облешево.
Пред почетокот на жетвата, во амбарите им стои скоро половина од минатогодишната реколта. Откупната цена за килограм арпа во моментот се движи од 15 до 18 денари, во зависност од сортата, што не ги покрива ниту производствените трошоци.
– Големо разочарување, деморализирани се земјоделците и бараме одговорноста на настапи во државата. Доколку не настапат одговорно, мислам дека масовно ќе се зголеми иселувањето од овие краишта, површините ќе остнат пусти и едноставно ќе имаме земја без народ, изјави Стојче Ташовски, оризопроизводител од Облешево.
И додека откупната цена стагнира или се намалува, трошоците постојано растат.
– Репроматеријалите се качени за 100 % и на ѓубрива и пестициди, фунгициди, инсектициди, на сите препарати, додаде Арсов.
Оризарите бараат оризот да биде заштитена култура и се додека не биде откупен домашниот производ да се забрани увозот.