Велешкиот суд ја ослободи од обвинение Пале Илоска, девојката која минатата година во самоодбрана го уби невенчаниот сопруг, додека тој ја давел и удирал.

Илоска одговараше за убиство во миг и по сведоштвата и изнесените докази, велешкиот суд донесе одлука таа да биде ослободена.

Како што наведе судијката, трошоците за постапката паѓаат на товар на државата, а мерката куќен притвор се укинува.