– Северна Македонија денеска е дел од трансатлантското семејство на држави и стоиме рамо до рамо со нашите сојузници. Ги споделуваме заедничките вредности и сме фокусирани врз заштита на заедничката безбедност, и ширејќи ги вредностите на НАТО во регионот, придонесуваме за надминување на заедничките предизвици заедно, изјави Османи пред почетокот на состанокот на Алијансата.

Ова е прв состанок на Советот што ќе се одржи со физичко присуство во седиштето на НАТО, по пауза од една година заради пандемијата со Ковид-19.

Министрите за надворешни работи ќе се осврнат и на развојот на агендата во врска со „НАТО 2030“, а се очекува да дадат свои коментари и сугестии во однос на идната геостратешка улога на Алијансата и справувањето со идните безбедносни предизвици, како и да одобрат неколку одлуки во врска со темите што се предмет на дискусија.

– Министерот Османи, ќе биде прв политички претставник од Македонија кој физички ќе присуствува на состанок на Северно-атлантскиот совет од зачленувањето на нашата земја во НАТО, во март минатата година, што ќе биде искористено да оствари и неколку билатерални средби со министри за надворешни работи на земји-членки на НАТО и партнери, соопшти МНР.