Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вчера во Лондон присуствуваше на приемот за шефовите на делегации во палатата Сент Џејмс каде што присуствуваше и Неговото Величество Кралот Чарлс Трети.
Османи изрази голема благодарност до Кралот Чарлс Трети за одличните политички и економски односи што Обединетото Кралство и Северна Македонија ги градат во изминатите три декади соработка.
„Оваа година одбележуваме јубилеј – три декади од воспоставување на нашите дипломатски односи. Ќе продолжиме и во иднина овие односи да ги градиме во духот на меѓусебното пријателство и силно партнерство“, напиша Османи по средбата со Кралот Чарлс Трети.
Османи и Кралот Чарлс Трети се осврнаа и на неговата историска посета на земјава во 1998 година.
Османи денеска во Лондон ќе учествува на Конференцијата за закрепнување на Украина.