Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната комисија за надворешни работи говореше за спорот со Бугарија. Но, наместо како што се очекуваше тој да даде одговор за т.н 5 + 1 прашања тој говореше воопштено и без конкретни одговори.
Османи се пофали дека елиминирале едно прашање, а тоа е употребата на краткото име. Османи уверуваше дека не се преговара за јазикот и идентитетот бидејќи правото на самоопределување е неприкосновено .
Не преговараме за јазикот и идентитетот. Тоа е право на самоопределување, убедуваше Османи.
За самиот пакет 5+1 Османи вели дека разговорите се во фаза на идеи и не може да коментира се додека нема нешто конкретно.