Министерот за надворешни работи, Бујар Османи изрази сочувство до семејствата на жртвите од катастрофалниот земјотрес што го погоди Мароко.

„Шокирани сме од разорниот земјотрес во Мароко синоќа со стотици жртви. Искрено сочувство до семејствата на жртвите и желби за брзо закрепнување на повредените“, напиша Османи на „Твитер“.

Во земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди Мароко, загинаа над 600 лица, а повеќе од 300 се повредени.