За промената на таблите, Дендијас ја префрлил вината на локалните власти.
-Локалните власти во Грција не покажуваат ентузијазам за промена на таблите, но очекуваме во наредниот период да има решение за тоа. Што се однесува до меморандумите, тоа е техничко прашање за начинот на работа во грчкиот парламент и тие ќе ги усвојат во моментот кога ќе оценат дека е најсоодветно, изјави Османи.