Османи рече:
– Затоа од првиот ден кога дојдов во МНР формирав работна група, назначив координатор за следење на договорот и акциски план за реализација кој лично го контролирам на неделно ниво
Според него, направени се доста исчекори во спроведувањето на Договорот од Преспа.
– Мислам дека најголем дел од обврските од членот 8 се реализирани или се реализираат. Дел од обврските се поврзани со процесот на евроинтеграцијата, отворањето и затворањето на поглавјата и тие се меѓузависни. Би поскал да има повеќе резултати од комисиите. Во комисијата за учебници во Грција се смени целиот состав и таа треба одново да почне со разговори. Пандемијата ги онезвозможи физичките контакти кои се важни. И меѓународоната група на експерти што ги дефинира трговските марки исто така делумно е жртва на пандемијата, а делумно на неможноста да се состанат со Стопанската комора заради неадаптирање на името. Тоа во меѓувреме се реши и сега има средби меѓу коморите, бизнис асоцијациите. Мислам дека во овој дел од Преспанскиот договор, независно што околу фудбалот се појавија одредени разлики, тие немаат потенцијал да го минираат стратешкото партнерство што е изградено со Грција, изјави шефот на дипломатијата Бујар Османи.