Османи денеска појасни дека целта на посетата на Софија на 17 јуни е дефинирање на тој патоказ кој треба да биде вметнат во европскиот предлог.

-Треба да има решение, патоказ и одлука за почеток на преговори. Нема договор доколку некој од овие елементи недостасува, рече Османи.

Тој смета дека писмото што го добил има една позитивна и една негативна страна. Позитивната е што бугарската страна ги прифаќа предлозите од патоказот, но негативната страна е дека писмото стигнало по завршувањето на самитот со што нема одлука за почеток на преговорите, како клучен елемент од целосното решение.

Тој најави дека во нардениот период ќе продолжат разговорите за во септември да има зелено светло и договор.