Бујар Османи за бегството на Артан Груби

„Не би знаел и не би можел да шпекулирам. Навистина не знаеме каде е,“ изјави потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи.

Османи ова го изјави запрашан каде се наоѓа неговиот поранешен сопартиец Артан Груби, по неговото бегство од земјата. Османи нагласи дека нема комуникација со него и нема информација дали Груби поседува албанско државјанство.

Став на ДУИ за ситуацијата

Пред само неколку дена од човек во првите борбени редови во ДУИ, ДУИ го исклучи од своите редови.

„Можам да кажам во име на партијата дека разбираме дека ситуацијата не е лесна и ги разбираме фрустрациите и сомнежите на граѓаните во однос на политиката. Дури и нашата партија, на некој начин, е ставена на тест за интегритет. Морам да потенцирам дека постапките на поединци не можат да дефинираат цела партија. Партијата се дефинира преку принципите и колективните одлуки. Не може да се најде нешто спорно кај ДУИ во однос на антикорупциската политика,“ изјави Османи во емисијата „360 степени“.

Критика за одлуката на Груби да избега

„Ако ме прашате зошто избегал, мислам дека згрешил што избегал. Требаше да остане, да се соочи со ситуацијата и да ја каже својата вистина. Партијата не може да сноси одговорност за постапките на своите 34 илјади членови,“ додаде поранешниот министер за надворешни работи.

ВМРО-ДПМНЕ со реакција

Груби не правел ниту една работа без одобрение на Ахмети Груби е олицетворение на криминалот и корупцијата на ДУИ и нивниот партнер, СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на вчерашното интервју на Бујар Османи.