Вели дека е активирана работна група која ќе биде во координација со цел справување со оваа голема трагедија.

-Во текот на денот, овозможивме измена на ковид протоколите, со што граѓаните, односно членовите на семејставата можеа да патуваат без никакви ограничувања. Се активираше СОС телефон, и беа контактирани сите семејства на загинатите, но и повредените, рече Османи.

-Испратени се двајца искусни дипломати во Софија, со што се зголемува човечкиот капацитет на нашата амбасада. Тие ќе помогнат во процесот на идентификацијата. Од МНР ќе помогнат и ќе организираат и пренос на телата во земјава, додаде тој.