-Ахмети на последните состаноци со граѓаните ги објаснува двете поглавја на политичкото дејствување на ДУИ. Завршувајќи со премиерот, кој е договорен согласно договорот од 18 август, а ќе биде во последните 100 дена од оваа влада. Го промовираме концептот на еднаквост и рушење на стереотипите и оттука консезуален е и концептот за претседател на државата кој останува како најдобро решение за оваа држава. Не е важна националноста туку еднаквоста, нашиот концепт е постигнување на еднаквост и рамноправност. Прашањето за кога може да се очекува Албанец да биде претседател не е прашање на рокови и на динамика, ДУИ ги предизвикува стереотипите – изјави Османи.