– Дозволете да ги споделам со вас прелиминарните резултати. Уште во првиот круг можам да најавам победа на ДУИ во Сарај, Липково и Пласници, а ДУИ е во предност во речиси сите општини каде учествува со свои кандидати. Така што можам да кажам дека целиот овој дел вечерва веќе е позеленет дел. Нека ни е честит овој ден и ова е политички празник за демократијата. Она што нема да го завршиме во првиот круг, се гледаме во вториот круг, рече Османи.
Османи: Уште во првиот круг најавувам победа на ДУИ во Сарај, Липково и Пласници
О
Бујар Османи на прес-конференција најави дека ДУИ, во прв круг победиле во општините Липково, Сарај и Пласница. Оттаму објавија дека се победници во првиот круг од локалните избори.