– Со новата опрема во нашите дипломатски и конзуларни претставништва, постапката за подигнување на патни исправи е олеснета и скратена, за што сведочат и нашите државјани во Словенија и амбасадорката, Сузана Зеленковска, додава Османи.
Тој во објавата потсетува дека МНР во август оваа година ги промовираше деветте базни станици и четирите мобилни станици, кои се поставени во земјите каде што повеќе е концентрирана нашата дијаспора.
– Подобрувањето на услугите за дијаспората е еден од клучните приоритети за мене, како министер за надворешни работи, за чија реализација со мојот тим вложуваме максимални напори, наведува Османи во објавата на Фејсбук