Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Киев ќе учествува на основачкиот Самит на Кримската платформа.

Кримската платформа, како што информираат од МНР, е иницијатива на Украина, за обединување на меѓународните напори за состојбите околу Крим.

На настанот, како што е најавено, ќе присуствуваат претставници на повеќе од четириесет земји, меѓу кои голем број земји членки на ЕУ и НАТО, кои ќе бидат претставени на високо ниво вклучително и девет претседатели, неколку премиери како и министри за надворешни работи.