Министерот за надворешни работи Бујар Османи, утре, 15 март 2023 година, ќе престојува во официјална посета на Кралството Шведска, актуелен претседавач со Советот на ЕУ. Во делегацијата на министерот Османи е и претседателот на парламентарната Комисија за европски прашања Арбер Адеми. 

Министерот Османи ќе оствари средба со својот шведски колега, министерот за надворешни работи Тобиас Билстром, како и со претседателот на шведскиот Парламент Андреас Норлен и со генералниот директор на Шведската развојна агенција (SIDA) Карин Јемтин.

Во фокусот на разговорите со соговорниците ќе биде нашиот пристапен процес во ЕУ и приоритетите на Шведска за Западниот Балкан во рамки на актуелното претседавање со Европската унија, нашето претседавање со ОБСЕ со акцент на политичко-безбедносните прашања во светло на руската инвазија врз Украина, стабилноста и безбедноста на регионот на Западен Балкан, и билатералните односи и шведската развојна помош за нашата држава.