Во рамки на посетата, како што информираат од МНР, предвидени се средби и со високите претставници на администрацијата на САД и посебен настан за воспоставување дипломатски односи меѓу Северна Македонија и Филипини.

Во рамки на Генералното собрание, Османи ќе учествува и на бројни состаноци на високо ниво, како што е состанокот на Заедницата на демократии, Алијансата за мултилатеризам и на Конференција за поддршка за влегување во сила на Договорот за сеопфатна забрана за нуклеарни тестирања.

Османи, како што е најавено од МНР, ќе учествува и на средбата со Генералниот Секретар на ОН, Антонио Гутереш, а ќе присуствува и на обраќањето на претседателот Стево Пендаровски на Генералната дебата.

Од МНР, исто така, информираат дека посетата на Османи, ќе се искористи и за натамошно промовирање на заложбите на нашата земја, но и на нашите партнери ЕУ и САД, за поддршка на ефективниот мултилатерализам.