Токму тоа, нагласи Османи, беше целта од Договорот од 2017, да нема еднонасочни, еднострани обиди, туку да се воведе една рамка во која што секоја страна ќе си има обврски.
– Бугарија според членот 2 ќе има обврски да ја поддржи евроатлантската интеграција, Република Северна Македонија ќе ги има своите обврски и тие заеднички да ги имплементираме и заеднички да ги мониторираме. Ја гледате логиката на договорот. Комисијата е една за историските прашања, само има дел наши историчари и бугарски историчари, нема две комисии коишто поединечно разговараат. Меѓувладината комисија како дел од тој билатерален мониторинг, не е две меѓувладини комисии, – една комисија раководена од двајца министри за надворешни работи. Значи, процесот е замислен така да може заеднички да преземаме обврски, заеднички да ги имплементираме, заеднички да ги мониторираме. И оттука така треба да продолжиме. Ние не треба да се вратиме на период пред 2017 и да почнеме со еднострани пристапи во решавањето, рече Османи, одговарајќи на новинарско прашање дали се преземени некакви обврски во Софија и дали тие идеи остануваат.
На тие разменети идеи во Софија како треба да изгледа содржината на патоказот, нагласи Османи, требаше да има одговор пред самитот.
– Доколку беа прифатливи тие наши предлози, да се усогласиме за патоказот, португалското решение веќе е на маса, зелено светло во четвртокот – имаме комплетен договор. Едната позитивна страна на ова писмо што го добив вчера е дека во писмото стои дека сите предлози коишто се дадени се прифатливи затоа што кога барате да Република Северна Македонија да ги реализира обврските, тоа значи дека вие се согласувате дека тоа е решение. Но, негативното е што дојде откако заврши самитот, рече Османи.
Во наредниот период, според шефот на дипломатијата, треба да се продолжи, така што словенечкото претседателство го презема португалското решение, патоказот е дефиниран и уште зелено светло во септември и ќе имаме конечен договор.
– Така јас го гледам тој процес, но не мислам дека поединечните компоненти може да имаат тежина или сила без да се во рамки на пакетот од трите компоненти. Мислам дека треба таков да биде пристапот, да се договориме, Бугарија дава пас за почеток на преговори, ние сме го дефинирале патоказот, почнуваме да ги реализираме чекорите од патоказот, исто португалското решение се импелемнтира и веќе имаме конечно решение со трите компоненти во тоа конечно решение, повтори Османи.
Духот на договорот, нагласи Османи, препознава заеднички обврски и секое враќање пред договорот со унилатерални чекори или еднострона чекори кои не се дел од пакетот на договорот, според него не е здраво и за нашите односи и за перспективата на овој спор.
Во однос на писмото од бугарското МНР и колку тие идеи ќе се преточат во обврски доколку има одблокирање на евроинтегративниот процес од другата страна, Османи потврди дека дебатата по однос на дефинирањето на патоказот се движи во таа насока, како и дека тоа само покажува дека не се преговара за идентитетските прашања.
За краткото име, Османи посочи дека, идејата била со една изјава, една нота да се надминат разликите и да се укаже дека краткото име – Северна Македонија е исто, како што е и долгото име – Република Северна Македонија.
– Според тоа писмо што го добив вчера се потврдува предлогот дека така може да се реши и со тоа двете варијанти на името и краткото и долгото да бидат во целосна употреба, во зависност кој како сака да ги употреби, изјави Османи.
Во однос на малцинските прашања, Османи рече дека Амандманот 36 од Уставот, донесен по усвојување на Преспанскиот договор, веќе тоа прашање го регулира.
– Дека Република Северна Македонија презема обврска да не се меша во внатрешните прашања, освен за своите државјани, во државите во регионот. Тоа право го има Судот во Стразбур, кој што ги регулира индивидуалните малцински прашања на граѓаните, кои што живеат секаде низ Европа, изјави Османи.
По однос на прашањето за книгите, Османи посочи два моменти, прво – дека опашките на книгите од еден претходен сојуз од Југославија се непотребно бреме во новите сојузи, и второ – дека во делот на разликите во историските интерпретации историската комисија останува да биде инструмент или платформа за изнаоѓање заеднички погледи.
– Тука нема ништо спорно, затоа што тоа е обврска од Договорот од 2017 година, па и во однос на говорот на омраза и спомениците, за кои што, бугарската страна ги смета за навредливи, појасни Османи.