Руи Пинто, основачот на платформата „Football Leaks“, преку која во 2020 година почна да објавува документи поврзани со скандалот на Манчестер Сити, објави дека ја напушта својата родна Португалија и се сели на непозната локација поради бројните закани што ги добива.
Пинто е главната причина што Манчестер Сити се најде во проблематична ситуација, бидејќи истрагата околу овој клуб се базираше токму на документите што тој ги објави јавно.
Сега, откако тој процес е при крајот, португалската полиција ја повлекла заштитата која му беше доделена на Пинто, па тој поради страв за сопствената безбедност заминува од својата земја на неопределена локација.
„Немам друг избор освен да се преселам на непозната локација на неопределено време“, рече Пинто, наведувајќи ги бројните закани со смрт што ги добил и она што тој го тврди како сериозен ризик од обиди за атентат.
Адвокатскиот тим на Пинто остро ја критикуваше одлуката на португалските власти, со образложение дека неговата одбрана е повлечена без соодветна постапка, предупредувајќи дека тој е особено ранлив во време кога неговите претходни откритија повторно се во центарот на еден од најголемите скандали во историјата на англискиот фудбал.

