Службеници од СВР Куманово вчера во 14.00 часот го лишија од слобода А.С. (25) од кумановското село Горно Којнаре.
Како што соопшти МВР, тој се сомничи дека пред три дена одзел пари во угостителски објект на улица „Борис Кидрич“.
– Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се додава во соопштението.