Поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Карпош, Аеродром и Центар.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе биде Детската градинка „Орце Николов”, на улицата „Бранислав Нушиќ” бб во Карпош.

Oд 08:30 до 12:30 часот без струја ќе бидат дел корисниците од ул. „Божидар Рајковиќ”, дел од ул.„Горно Лисиче” помеѓу каналот и ОУ „Гоце Делчев” во Општина Аеродром, а од 10:00 до 12:00 часот, ул.„Славка Недиќ”бр.14 вл.1 во Општина Центар.