И економскиот директор на тетовската болница, Артан Етеми попладнево поднесе оставки по пожарот во ковид центарот во кој загинаа 14 лица.
– Чувствувајќи ја длабоката болка од трагедијата што се случи во модуларниот центар во Тетово, каде што бев и лично присутен, од тажните слики што ги доживеав извлекувајќи ги со свои раце телата на жртвите, во својство на економски директор ја давам мојата оставка од оваа позиција од морален чин, соопшти Артан Етеми, финансиски директор на Тетовската клиника.
– Јас верувам на принципот дека истражните тела и меѓународно ангажираните експерти ќе ја откријат вистинската причина за тоа како настана трагедијата што се случи во модуларниот центар и која ги скрши нашите срца. Ја споделувам болката со роднините на жртвите, соопшти Етеми.