Боре Видевски, еден од осудените на доживотен затвор за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, е хоспитализиран и се наоѓа во тешка здравствена состојба, потврди за Фокус директорот на клиниката за Нефрологија Никола Ѓорѓиевски.
Според информациите, Видевски бил примен на Клиниката за нефрологија. Има трансплантиран бубрег, а неговата состојба засега е стабилна.
За утре е закажана јавна седница по жалбата на одбраната на пресудите што ги донесе Кривичниот суд, но поради новонастанатата ситуација можно е таа да биде одложена.
Во случајот, покрај Видевски, на доживотен затвор беа осудени и Љупчо Палевски, Велибор Манев и Влатко Кешишев, додека Александар Ѓорчевски беше ослободен од обвиненијата.
