Осуденик од штипскиот затвор почина откако бил донесен во Клиничката болница Штип со знаци на труење. Според информациите од Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип, 21-годишниот Е.А. од Штип бил пренесен во болницата на 22 февруари 2025 година во 11:31 часот.
Почина осуденик во штипскиот затвор
Лекарите веднаш интервенирале, но младиот осуденик починал по кратко време. Надлежниот лекар ја констатирал смртта, а по наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.
Обвинителството ќе спроведе истрага за да ги утврди причините за труењето и евентуалните околности поврзани со случајот.
Извор: Миа