МВР соопшти дека вчера осуденик се обидел да избега од затворот Идризово, но бил спречен од вработените.
Како што информира МВР, се работи за И.М. (31) кој при обидот да избега, физички нападнал еден од вработените.
-На 02.02.2024 во 16.00 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека осуденикот И.М.(31) се обидел да се побегне од установата, но бил спречен од вработените, при што физички нападнал еден од нив. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, информира МВР во денешниот билтен.