Објавена е листата на номинирани екипи за престижната награда за најдобар машки фудбалски клуб на годината, која традиционално ја доделува меѓународната организација „Globe Soccer Awards“.
Во конкуренција за престижното признание за 2026 година се наоѓаат вкупно осум светски тимови, односно ПСЖ, Арсенал, Барселона, Баерн Минхен, Интер, Астон Вила, Фламенго и Ал Ахли од Џеда.
Истовремено, организаторите ја презентираа и листата во женска конкуренција каде што за најдобар клуб се номинирани Арсенал, Барселона, Баерн Минхен, Крузеиро, Манчестер Сити и Лион.
Минатата година лауреат на признанието за најдобар машки клуб беше францускиот ПСЖ, додека во женска категорија главната награда заврши во рацете на фудбалерките на Барселона.
